Федерер и Вавринка го одиграа мечот на годината

Машката тениска асоцијација ги објави петте најдобри меча за годината што изминува, а на врвот се наоѓа дуелот помеѓу соиграчите од репрезентацијата на Швајцарија, Станислас Вавринка и Роже Федерер.

Иако за време на мечот, а и по него имаше тензии помеѓу двајцата долгогодишни пријатели, сепак тоа не ја намалува вредноста и возбудливоста на дуелот кој изобилуваше со прекрасни поени, врвна техника и едно чудо пресврти.

Федерер го доби тој меч со 2:1 (4:6 , 7:5 , 7:6), а дури четири пати спаси меч топка.

На оваа листа уште се наоѓаат и мечевите помеѓу Кеи Нишикори и Давид Ферер кој Јапонецот го доби со 2:1 (7:6 , 5:7 , 6:3), Рафаел Надал против Пабло Андухар, кој Надал го доби со 2:1 (2:6 , 6:3 , 7:6), потоа Новак Ѓоковиќ против Гаел Монфилс, на кој Србинот славеше со 2:1 (6:2 , 6:7 , 7:6) и победата на Григор Димитров против Енди Мареј со 2:1 (4:6 , 7:6 , 7:6).