Федерер и Вавринка ќе играат за титулата во Монте Карло

Швајцарецот Роже Федерер се пласира во финалето на мастерс тенискиот турнир во Монте Карло, откако во полуфиналето го елиминира бранителот на титулата Србинот Новак Ѓоковиќ со 7:5, 6:2
Федерер за титулата во Монте Карло ќе игра со сонародникот Станислав Вавринка, кој во првото полуфинале беше подобар од Шпанецот Давид Ферер со 6:1, 7:6.