Федерер и Вавринка собраа 1,3 милиони франци за децата во Африка

Егзибициониот меч кој Рожер Федерер и Стен Вавринка го одиграа на стадионот Хален во Цирих ги исполни очекувањата.

Двајцата освојувачи на овогодинешниот Дејвис Куп одиграа маестрален тенис, исполнет со егзибиции и спектакуларни поени, а победата му припадна на Федерер, кој славеше со 7:6 и 6:4.

Сепак, она што беше поважно е што 11-илјадната публика покрај тоа што уживаше во мајсториите, собра и значителна сума пари, кои заедно со различните донации достигна до 1,3 милиони швајцарски франци. Овие средства ќе заминат во фондацијата Рожер Федерер, а потоа и во Африка, со цел да им се помогне на децата таму.