Федерер нема да игра на Роџерс Куп во Монтреал

Федерер најави дека нема да учествува на Роџерс Куп во Монтреал

Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер го откажа своето учество на АТП Мастерс турнирот кој се одржува во Монтреал, Роџерс Куп.

Според неговиот тим, Федерер пред УС Опен ќе се појави само на турнирот во Синсинати, што очигледно е резултат на одреден замор. Сепак, официјално соопштение за неговото непојавување на Роџерс Куп нема.