четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 37

Федерер нема да игра на „Ролан Гарос“

federer-640x294

Последни вести

Швајцарецот Рожер Федерер, победникот на Ролан Гарос од 2009 година, објави дека ќе го пропушти годинашниот Грен слем турнир во Париз. „Ролан Гарос“ ќе се игра од 22 мај до 11 јуни.

Петтиот светски рекет преку соопштение ја информира јавноста за неговата одлука.

– Мислам дека е најдобро да ја „прескокнам“ сезоната на земјена подлога и да се подготвам за тревната и тврда подлога. Дојдов до заклучок дека играњето на земја не е во интерес на мојот тенис и на физичката подготовка за другиот дел од сезоната. Се надевам на учеството на „Ролан Гарос“ следната година, истакнува Федерер.

Тој е најуспешниот тенисер по бројот на освоени Грен слем турнири. Има вкупно 18, од кои само еден на земјена подлога.

Најчитани вести