Федерер по десетти јубилеен пат е избран за најфер тенисер

Швајцарецот ја освои наградата “Стефан Едберг” која секоја година му се доделува на најкоректниот тенисер. Покрај колегите, и навивачите го избраа за најфер тенисер.

Федерер наградата ќе ја прими на завршниот Мастерс во Лондон, пред мечот со Милош Раониќ.

Инаку, покрај Федерер награди добија и Енди Мареј (награда за хуманост), Борна Чориќ (идна ѕвезда) и Роберто Баутиста-Агут (најмногу напредувал).