Федерер против Раониќ во полуфиналето во Синсинати

Роже Федерер го доби полуфиналниот дуел со Енди Мари на турнирот во Синсинати, славејќи со 6:3 и 7:5 во двата сета.

Откако го загуби првиот сет, Мари во вториот поведе со 4:1, но потоа Федерер уште еднаш докажа зошто е еден од најдобрите во историјата на тенисот, освојувајќи шест од последните седум гема во мечот. Во полуфиналето Федерер ќе се сретне со Милош Раониќ, кој со 6:0 и 6:1 експресно го совлада Италијанецот Фабио Фоњини, со што ќе гледаме реприза на нивниот полуфинален дуел од Вимблдон.

Во другите четвртфинални мечеви, Жулиен Бенето го исфрли освојувачот на Отвореното првенство на Австралија, Стан Вавринка, добивајќи го во три сета (1:6, 6:1, 6:2), додека Томи Ребредо кој направи сензација со елиминацијата на Ѓоковиќ, сега загуби од Давид Ферер со 6:4, 3:6 и 6:3.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.