Федерер стана првиот тенисер со осум титули на Вимблдон

Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер со победата над Хрватот Марин Чилиќ во финалето на Вимблдон во неделата за еден час и 41 минута со 3:0 во сетови (6-3, 6-1 6-4) стана првиот играч кој осум пати го освои најпознатиот светски турнир.

Повредениот Чилиќ, го заврши мечот со 23 неизнудени грешки и 16 „винери“, додека Федерер имаше 23 „винери“ и само осум неизнудени грешки.

Федерер со оваа победа стаса до својата осма титула во Вимблдон и тоа 14 години откако првпат триумфираше во „Ол Ин гланд Клуб“, а вкупно 19 „грем слем“ титула во кариерата. За одбележување е што до титулата година дојде без да загуби ниеден сет.