Федерер во “потера” по Џоковиќ

И на најновата АТП листа која беше објавена утрово, неприкосновен на првата позиција е Новак Џоковиќ, но се поопасно му се доближува Швајцарецот Роже Федерер, кој вчера го освои турнирот во родниот Базел, откако во финалето го совлада Белгиецот Гофин.

Понатаму на листата следуваат Рафаел Надал и Станислав Вавринка, а влез во првите пет избори и Томаш Бердих.

АТП листа, ТОП 10:

Новак Џоковиќ 11 510 поени
Роже Федерер 9 280
Рафаел Надал 8 195
Станислас Вавринка 5 385
Томаш Бердих 4 485
Давид Ферер 4 465
Кеи Нишикори 4 355
Енди Мареј 4 295
Марин Чилиќ 4 195
Милош Раониќ 3 930