Федор “The Last Emperor” Емелианенко

Федор Емелианенко или популарниот The Last Emperor, е пензиониран руски ултимејт фајтер, роден 28 септември 1976 година во Лугањската област во поранешен СССР, денешна Украина.

“ММА” кариерата ја започна на 21 мај 2001 година, а првата борба, воедно и прва победа ја издвојува против бугаринот Мартин Лазаров. Иако на прв поглед делуваше како некој дебелко кој залутал помеѓу тие “боречки машини”, Федор често знаеше да натера и прославени борци како Мирко “КроКоп” Филиповиќ или Семи Шилт да се кријат во некој од аглите на рингот, се со цел да се спасат од неговите убиствени напади. Имаше се што еден борец може да има – техника, сила, брзина. Се бореше се до 21 јуни 2012 година, кога успеа да го нокаутира Педро Ризо, а со тоа да стави и точка на својата богата и успешна кариера. Во овој период од 11 години Федор имаше скор од 34 победи и 4 порази.

Иако на 4 пати губеше, за многумина Федор “The Last Emperor” Емелианенко е најдобриот и најдоминантниот борец кој некогаш учествувал во Mixed Martial Arts борбите, а како доказ за тоа е и ова видео посветено токму на него. Уживајте !