Фејсбук акција на „Пекабеско“: Секој твој лајк помага!

Фејсбук акција на „Пекабеско“: Секој твој лајк помага!
Фејсбук акција на „Пекабеско“: Секој твој лајк помага!

Денеска „Пекабеско“ започна со нова Фејсбук  акција насловена „Секој твој лајк помага“. За секој нов лајк на страницата на „Пекабеско“ (https://www.facebook.com/Pekabesko)  на оваа социјална мрежа, компанијата ќе одвојува по 3 денари наменети за пакети за храна за социјално загрозени семејства. Во моментов, оваа страна брои 41 илјада лајкови, а акцијата ќе се спроведува се до постигнувањето на 100 илјади лајкови на страната на „Пекабеско“.

Стратегијата на компанијата на социјалните мрежи е водење на уникатен пристап кој се базира на оригинални фото и видео содржини,  како и рецепти преку кои се промовираат производите на „Пекабеско“. Целта на компанијата е постојано да биде отворена и достапна за мислењата на потрошувачите, користејќи ја предноста на социјалните медиуми во делот на интерактивноста и двонасочната комуникација.

Како што информираат од компанијата, набргу во оваа акција ќе бидат вклучени и Твитер (https://twitter.com/PekabeskoAD)  и Инстаграм (https://instagram.com/pekabesko) заедницата, каде што „Пекабеско“ има активни профили и страници.

Да помогнеме заедно со лајк на оваа страница: https://www.facebook.com/Pekabesko

пекабеско22222