Магазин

Фејсбук е под детална истрага

Фејсбук е под детална истрага
Американското Министерство за правда поднело петиција на суд против Фејсбук…

Тужбата е поради истрага што ја спроведуваат владините органи, затоа што компанијата решила да премести дел од имотот во Ирска, со цел да плаќа понизок данок. Фејсбук е само една ИТ компанија која сака да плаќа помали даноци во земјите како што е Ирска.

Даночната полиција неодамна во Париз и Мадрид исто така влезе во просториите на Гугл.