На Фејсбук продавале фалсификувана стока

Кривична пријава заработија седум лица од Струмица и едно од Скопје. Се верува дека лицата на Фејсбук продавале фалсификувана стока.

За И.Г.(27), С.Г.(23), С.С.(24) и Г.К.(19) од Струмица и Л.А.(25) од Скопје полицијата се сомнева дека сториле кривични дела „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и „повреда на авторско право и сродни права“ , додека пак за Т.Б.(18), Ј.Д.(21) и И.Ј.(27), сите од Струмица постои сомнение дека исто така сториле кривично дело „повреда на авторско право и сродни права“.

На фејсбук продавале фалсификувана спортска опрема и парфеми

Како што информира МВР, во текот на минатата и почетокот на оваа година пријавените преку изработени страни на социјалната мрежа „Фејсбук“ вршеле продажба на спортска опрема, патики и тренерки од брендовите „Адидас“, „Најк“, „Валентино“, „Армани Џинс“, „Илевен“, „Ла Коста“ и „Пума“ која била неоригинална.

На фејсбук продавале фалсификувана спортска опрема и парфеми
На фејсбук продавале фалсификувана спортска опрема и парфеми

Освен спортската опрема истите вршеле и продажба на неоригинални парфеми од брендовите “Пако Рабан“, “Каролина Херера“, “Армани“, “Долче и Габана” и “Булгари“на тој начин што заинтересираните лица за купување измамени дека опремата и парфемите се оригинални, преку пораки на страниците на “Фејсбук“, ги оставале нивните лични податоци и големинскиот број на патики или тренерки, како и податоци за парфемот кој сакаат да го купат. Потоа пријавените преку курири за достава на поштенски пратки ги доставувале бараните производи до домовите на купувачите на подрачјето на Република Македонија, се вели во соопштението од МВР.

По извршен претрес одземени поголема количина фалсификувана стока

Од страна на полициските службеници од СВР Струмица по претходно добиени наредби од Судија на претходна постапка бил извршен претрес во домот и помошни простории на пријавените лица.

Притоа биле пронајдени и со Потврда за привремено одземени предмети, одземени поголема количина спортска опрема и парфеми, компјутери, мобилни телефони, пари, картонска амбалажа од обувки како и документација од испраќани пратки.