среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 49

Фејсбук ги укинува лажните профили со несакани содржини во Франција

Фејсбук е изложен на постојан силен притисок од многу европски влади кои се закануваат со нови закони доколку социјалната мрежа набрзо не реагира и преземе чекори во насока на сузбивањето на екстремистичката пропаганда или другите содржини кои ги кршат нивните локални закони

facebook francija

Последни вести

Најголемата светска социјална мрежа Фејсбук отстранила 30.000 лажни кориснички профили во рамките на својата кампања којашто следеше по притисоците на многу влади од Европската унија да се спречи ширењето на лажните вести, дезинформации и пропаганди.

Станува збор за најригорозниот потег којшто го презема Фејсбук во однос на профилите кои се оценети дека претставуваат кршење на одредбите за користењето на социјалната мрежа, а се случува во време на жестоката кампања за претседателските избори во Франција, коишто ќе се одржат во два круга, првиот на 23-ти април и вториот на 7-ми мај.

Фејсбук е изложен на постојан силен притисок од многу европски влади кои се закануваат со нови закони доколку социјалната мрежа набрзо не реагира и преземе чекори во насока на сузбивањето на екстремистичката пропаганда или другите содржини кои ги кршат нивните локални закони.

Покрај Фејсбук, под притисок се и другите социјални мрежи, како Твитер и Јутјуб, а во моментов притисоците се засилени како поради претседателските избори во Франција, така и поради есенските парламентарни избори во Германија.

Најчитани вести