Фејсбук го слави 12-иот роденден со пријатно изненадување за вас

Денес е вистински ден за да се сетите на сите пријатели – и на оние што и понатаму се во вашиот живот, како и на оние што со текот на годините сте ги заборавиле.

Животот природно не разделува од луѓето со кои што некогаш сме биле неразделни  – па токму затоа Фејсбук дене на својот 12-ти роденден реши на интересен начин да не потсети на некои интересни мигови што засекогаш останале забележани со фотографиите.

Инаку, Фејсбук бил основан пред точно 12 години на 4-ти февруари во 2004-тата година на Кембриџ. Марк Цукербег тој ден официјално ја пуштил во употреба социјалната мрежа, која била наменета за комуникација помеѓу студентите меѓусебно. Тогаш воопшто не ни сонувал дека таа социјална мрежа мошне брзо ќе стане глобална занимливост, која денес вреди повеќе од 245 милијарди долари.

За да го прослават овој ден со своите корисници, момците и девојките од Фејсбук подготвија интересно изненадување во вид на видео со кое што секој од нас може да ги прослави сопствените пријатели.

Фејсбук одлучи овој ден да не го нарече сопствен роденден, туку Ден на пријателите – а и вие можете да го прославите така што ќе направите видео со фотографии од вашите пријатели.

Фејсбук автоматски ќе ви избере фотографии, но доколку не ви се допаѓаат можете рачно да ги измените. Направете го вашето видео ОВДЕ.