Фејсбук хит: Референдум Русија да ја припои и Србија

Фејсбук страница со име „ФБ референдум – Путин, приклучија и Србија“ постои 12 денови, а веќе успела да собере речиси 19 илјади членови. На насловната фотографија е прикажана мапа на Србија кон која се припени Црна Гора и Република Српска.

Основачите на оваа страница себе си за цел си поставиле повеќе од милион членови „за да ја покажат вољата и Србија да стане дел од сојузот со Русија наспроти ЕУ и НАТО“.

„Во 1941 година не’ бомбардираат Германците, 1944 Англичаните и Американците, 199 се здружија Германците со Англичаните и Американците за повторно да не бомбардираат. Србите никогаш не биле олош, за да се дружат со олош. Србинот е христијанин и витез и со сличните на себе треба да се дружи и здружува! За референдум!“, пишуваат меѓу останатото основачите на страницата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.