Фејсбук надмина две милијарди корисници

Во времето кога Facebook само што ја надмина границата од две милијарди корисници, сопственикот Марк Џикерберг сака на социјалната мрежа да ѝ даде имиџ на „заедница“ со што би ги отсранил полемиките кои се редовни околу овој интерент гигант.

„Од утрово задницата на Facebook официјално се состои од две милијарди лица!“, изјави Марк Цукерберг, кој е коосновач на истоимената компанија, на својот профил.

Првата милијарда активни корисници Facebook ги стекна во октомври 2012 година.

Формиран во 2004 година Facebook стана интернет џин и неговиот раст воопшто не слабее, особено благодарејќи на рекламите кои претставуваат главнина од неговите проходи.

Неговиот чист профит се зголеми за повеќе од 75 отсто на три милијади долари во првиот годинешен квартал, на промет од осум милијарди долари што е раст за 49 отсто.

Во меѓуреме компанијата откупи други технолошки компании како Instagram, WhatsApp, Oculus, и се сврти кон виртуелната стварност и вештачката интелигенција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.