Магазин

Фејсбук откри како влијаат објавите на мрежата на вашето расположение

Фејсбук откри како влијаат објавите на мрежата на вашето расположение

Ако се чуствувате нерасположено на фејсбук, тоа може да има доста со она кое го постираат вашите пријатели.

Дали вашите времеплови на фејсбук ви изгледаат малку „пресреќни“ или можеби малку „предепресивни“ една недела во јануари 2012? Тоа може да е заради тоа што истражувачите експериметирале со прикажувањето на вашите објави за да дознааат повеќе за тоа како човечките емоции функционираат кога се физички раздвоени.

Со  извртување на алгоритмот на прикажаните објави во времепловот и студијата на објавите околу 700.000  корисници на Фејсбук, научниците и истражувачите за податоци на Фејсбук откриле дека емоционалната состојба може да биде пренесена помеѓу луѓето без интеракција лице в лице, според студијата објавена на почетокот на месецов.

Студијата, објавена во Proceeding of the National Academy of Sciences, истражувачите анализирале преку 3 милиони постови кои содржат преку 122 милиони зборови и искористила алгоритам за да го одреди карактерот на текстовите како позитивен или нгативен. Тимот за податоци на Фејсбук потоа ги прилагодил количините на позитивни и негативни текстови на кои биле изложени корисниците, за да види како тие реагираат.

Истражувачите дошле до заклучок дека кога корисниците биле изложени на помалку позитивни постови и тие самите продуцирале помалку позитивни и повеќе негативни постови. Обратното било вистинито кога тие биле излоѓени на помалку негативни објави. Со други зборови, вербалните и текстуални клучеви имаат големо влијание на нашите емоции, дури и доколку не го слушаме гласот на личноста или не го гледаме говорот на телото.

„Овие резултати сугерираат дека емоциите изразени од пријателите преку социјалните мрежи влијаат врз нашите лични расположенија“, рекол тимот кој работел на студијата.

Податоците биле анализирани од компјутери. И доколку се чуствувате малку „склет“ заради тоа пто фејсбук ги гледа вашите постови без ваше знаење, и тоа може да има нешто поврзано со она кое го постираат вашите пријатели.