Фејсбук постави нови рекорди

Фејсбук ги објави оперативните резултати од вториот квартал во 2016 година. Денес Фејсбук има 1,7 милијарди активни корисници во текот на еден месец, а вредноста на акциите на компанијата достигна рекорд, кој изнесува 123,34 долари по акција.

Фејсбук и натаму бележи раст на бројот на корисниците од околу 3,63%, додека растот во претходниот квартал изнесуваше 3,77%. Фејсбук дневно користи 1,3 милијарди корисници.

Забележан е и раст на приходите од 59% во однос на истиот период од мината година, а само во вториот квартал, Фејсбук имаше приходи од 6,44 милијарди долари.

Голем раст на бројот на корисници бележат и “Facebook  Live” и “Facebook Messenger”, кои веќе имаат милијарда корисници. Инстаграм има 500 милиони корисници.