Фејсбук повторно ќе прави промени

Компанијата „Фејсбук“ најави три нови значајни промени кои  ќе придонесат за значаен пад на посети и активност на фан страните.

Целата постапка е веќе започната а станува збор за промена на алгоритмот на насловната страница (News Feed).

Повеќе од една година, голем број огласувачи и администратори на фан страни имале огромна корист од големата активност на нивните страници, но со најавените промени се очекува голем пад на активноста на фан-страните, анализира „Бизнис инсајдер“.

Промените кои се воведуваат се следниве:

– Корисниците на „Фејсбук“ ќе можат да видат повеќе објави од истиот извор на насловната. Предходниот алгоритам тоа не го дозволуваше.

– Ќе се воведе алгоритам со кој приорет добиваат содржините објавени од вашите пријатели, а не објави од фан страни.

– Објавите кои вашите пријатели ги коментирале или лајкувале веќе нема да бидат видливи или ќе се наоѓаат многу ниско на почетната страна. Ова посебно ќе влијае на активноста на фан страниците, чии постови исто така ќе се наоѓаат долу или воопшто нема да излегуваат.