Фејсбук преговара со Холивуд за продукција на тв серии

Компанијата сопственик на најголемата социјална мрежа Facebook преговара со холивудските студии за продукција на телевизиски серии, а целта им е емитување на првите емисии најдоцна кон крајот на летото, објави во неделата весникот The Wall Street Journal.

На состанокот со претставниците на агенциите кои ги застапуваат актерите и актерките, претставниците на социјалната мрежа истакнала дека за продукцијата е подготвена да вложи до три милиони долари по епизода, пишува весникот повикувајќи се на упатени неименувани извори.

Во Facebook целат на публика на возраст меѓу 13 и 34 години, со фокус на распонот меѓу 17 и 30 години. Веќе обезбедиле пари за продукцијата на телевизиската драма „Strangers“ и забавната емисија „Last State Standing“, се наведува во написот.

Од Facebook веднаш не биле достапни за коментар на написот на WSJ.

Во компанијата очекуваат дека епизодите ќе бидат емитирани со вообичаен редослед, една по една, а не сите одеднаш како што работата во Netflix и Amazon, се наведува во написот.

Нивните идни планови вклучуваат адаптација на популарното реално шоу на комичарот Џејмс Корден „Carpool Karaoke“ која ќе започне да се емитува во август. Подготвени се, исто така, а ги споделуваат своите податоци за гледаноста.

Претходно во јуни Apple ги ангажираше копретседателите на Sony Pictures Television, Џејми Ерлихт и Зак Ван Амбург за проекти во секторот на видео содржини.

Долго се очекуваше продорот на овој информатички гигант во областа на телевизиската продукција и мината седмица Apple конечно ја емитуваше првата емисија од реалното шоу „ Planet of the Apps“ (Планетата на апликациите), во кој информатичките инженери им претставуваат на славните личности свои апликации за да ја обезбедат нивната финансиска поддршка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.