Фејсбук со нова опција, еве која е таа

Фејсбук воведува нова опција која нема да ви се допадне, а истата засега им е достапна на мал број корисници.

Имено, компанијата Фејсбук неодамна наравила алгоритам кој многу прецизно ги идентификува личностите врз основа на лицата на фотографијата и на корисниците им нуди сугестија за тагови со имињата на пријателите за означувањето на фотографиите да биде побрзо.

Технологијата наречена DeepFace прв пат беше прикажана во март минатата година. Меѓутоа, набрзо Фејсбук ќе премине на автоматско тагирање на пријателите на фотографиите. Оваа опција засега им е достапна на мал број корисници, а веројатно е дека на повеќето нема да им се допадне.

Многу често се случува да сакаме да го отстраниме тагот од фотографија на која не сме испаднале убаво или не сакаме некој да види каде сме биле и што сме правеле. Фејсбук со автоматското тагирање само ќе ни отвори работа, затоа што ќе мора да се мачиме со тргнување на нашето име од фотографиите на пријателите.

Автоматското тагирање ќе може да се исклучи и во подесувањата, но дури кога оваа опција ќе биде достапна за сите. Исто така, доколку не сакаме да се видиме на нечија слика, ќе мораме да бараме од Фејсбук да ни го замати лицето.

DeepFace користи технологија која ја развила израелската компанија face.com, а која во 2013 година ја купил Фејсбук. Творците тврдат дека оваа технологија може да одреди личност со 97.25% точност, а таа дневно може да прегледа повеќе од 400 милиони фотографии.