Македонија

Фејсбук страната Здрава бременост досега има 8 770 поддржувачи

Фејсбук страната Здрава бременост досега има 8 770 поддржувачи

Споделената вест за новата превентивна мерка која Министерството ја воведува од првата половина на март, а со која на годишно ниво ќе обезбедува бесплатни таблети фолна киселина и јод за секоја бремена жена во државата, само на Фејсбук страната Здрава бременост ја прочитале над 5.000 корисници на социјалната мрежа.

Оваа страна која беше креирана од Министерството за здравство, веќе неколку месеци активно функционира на социјалната мрежа и досега има 8.770 поддржувачи.

На страната Здрава бременост е овозможена директна и непосредна комуникација преку поставување прашања во врска со бременоста или постпородилниот период, на кои со стручни совети и препораки одговара тим доктори од Клиниката за гинекологија и акушерство, Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир и Заводот за мајки и деца.

Исто така, на дневна основа на страната се споделуваат корисни информации од брошурата Здрава бременост која се доделува на бремените жени во прилог на мајчината книшка, како и од Брошурата за доење и брошурата Информации и совети за новите родители.