Фејсбук вработува три илјади луѓе се филтрирање на насилните содржини

Компанијата Facebook, којашто е сопственик на истоимената најголема социјална мрежа, ќе вработи дополнителни три илјади лица за филтрирање на насилните содржини по неколкуте директно пренесувани убиства и самоубиства, објави во средата Марк Цукерберг, основачот на социјалната мрежа којашто има околу две милијарди корисници.

„Во формирање се сигурни заедници, мораме брзо да одговориме без разлика дали станува збор за лице на коешто му е потребна помош или за бришење на објава“, напиша Марк Цикерберг на својот фејсбук профил.

Овие нови 3.000 службеници за две третини ќе ја зголемат оперативната екипа на Facebook, кој во моментов има 4.500 вработени,

Објавата на Цукерберг доаѓа по неколкуте драматични ситуации снимени на мрежата коишто ги шокираа корисниците.

Пред неколку седмици маж од Тајланд директно на Facebook Live го пренесуваше убиството на 11-месечното девојченце, а потоа изврши самоубиство.

Една седмица претходно 37-годишен Американец од Кливленд уби пензионер, случајно избран на улица и ја објави снимката на социјалната мрежа. По три дена потрага по него, изврши самоубиство.

Цукерберг појасни дека одлучил да дејствува по тие ужасни злосторства.

Лицата задолжени за контрола на содржините на социјалната мрежа ќе помогне во подоброто укинување на содржините кои не се дозволени на Facebook, како говор на омраза и трговијата со деца, прецизираше основачот.

„Ќе продолжиме да работиме со локалните заедници и полицијата кои се во подобра позиција да им помогнат на луѓето кои се подготвени да кренат рака на себе или се во опасност поради други“, напиша Цукерберг.

Многумина забележаа дека социјалната мрежа пребавно реагирала по споменатите драматични снимки и предложија укинување на услугата Facebook Live, којашто инаку е значајна за стратешкиот развој на компанијата. Цукерберг одговори дека социјалната мрежа работи на технологиите кои би можеле да идентификуваат насилни содржини.