Фејсбукот ве издава дали сте дома

Веќе сме сите на работ со енергија истрошени од целогодишниот ангажман и сите едвај го чекаме летниот одмор за да забегаме на најблиската плажа или планина. Секој како може ќе гледа да се одмори и врати полн со живот и елан за работа, освежен од безделничењето и убавините на местото што го посетил, арно ама во тие моменти се заборава на едно нешто, што оставаме зад себе и како ќе го најдеме по враќањето. Со цел заштита на имотите, автомобилите вредните работи, па дури и парите,  кој ги има,  полицијата,  поточно одделот за превенција од криминалистички работи, со апел.

М-р Ките Трајковски самостоен инспектор во одделот за превенција од кирминалистички пработи при СВР Битола вели најчесто одиуствата од домот заради летните одмори се објавува на Фејсбук или твитер со што им се олеснува работата на крадците давајќи им до знаење дека објектот е празен.

Не само оние од градот туку на мета на крадците се и оние од селата.

Трајковски вели и во руралните средини заради земјодлеските активности често домовите се празни па треба да се најави отсуството кај роднини соседи блиски за да се заштитиме.

Покрај овие веќе наведени превентивни совети, од полиција имаат и посигурни мерки, но и поскапи.

Трајковски вели да се посатват сигурносни врати, и прозорци, аларми, видео надзор светилки на автоматско палење и с

Полицијата отпочна и проект за подигнување на безбедносната свест наречен внимателна заедница безбедна заедница каде со граѓани и засегнати институции одржуваат средби со цел подигнување на свеста за безбедност а воедно и ги запознаваат граѓаните со концептот и начините на полицијата при справување и превенирање на вакви ситуации.