Македонија

Откако министерот за правда го ослободил Фејзи Азири не се вратил во затворот во Штип

Фејзи Азири не се вратил во затворот во Штип

Фејзи Азири кои е обвинет во случајот „Монструм“ и поради кој се одложи денешното рочиште за случајот „Монструм“ во затворот во Штип се води како осуденик во бегство.

Оваа информација за МКД.мк ја потврди директорот на штипскиот затвор, Мики Тодоров.

Првиот човек на штипскиот затвор вели дека лицето Фејзи Азири кој во затворот во Штип издржува казна за друго кривично дело по истекот на прекин на казната не се вратил назад во затворот.

Фејзи Азири имаше прекин на казната од 30 јануари до 28 февруари годината кој му беше доделен од министерот за правда. По истекот на прекинот тој не се врати назад во затворот, ниту го оправда своето отсуство со било каков писмен документ. Ние го известивме судот и Управата за извршување на санкции и по закон треба да се распише потерница. Ние овде го водиме како лице во бегство“,  изјави директорот на затворот во Штип, Тодоров.

Како што рекоа родителите на убиените момчиња на денешното судење, на транскриптите од „бомбите“ кои Зоран Заев им ги покажал, Азири бил сниман во разговор со функционери на ДУИ.