(ФЕЉТОН) Јованка Броз: Мој живот, моја вистина (2)

Така некако испадна дека моите предци биле војници и свештеници. Тоа е семејството кое, до мојот татко, низ генерациите имало околу 70 свештеници. Во мојот крај е познат Тома Будисављевиќ, кој бил православен свештеник. Тој, исто така, е прадедо на Никола Тесла, по неговата мајка Ѓука. Така јас и Тесла сме роднини..

Будисављевиќ бил ценет како прота, но и како далеку познат мајор, кој ја чувал границата. Тој до пладне служел света литургија во црква, а попладне со своите борци ја чувал границата од упад на Турци.

Токму за тој негов ангажман од Наполен бил одликуван со Орден за чест. Лично Наполеон му го ставил орденот на неговите гради. Тоа се случило во 1811-тата година , бидејќи тогаш Личани војуваа против Наполеон.

Инаку, тој мој предок, прота Тома Будисављевиќ бил многу значаен и по тоа што се борел против покрстување на православните и им објаснувал зошто не треба да се откажуваат од својата вера. Според мене, тоа е неговата најголема заслуга и најголем придонес за својот српски народ.

Тесла, по неговата баба по мајка ми беше роднина. Неговата баба се викаше Софија Будисављевиќ. Таа се родила во куќата каде што се родив и јас, во селото Пеќани. Таа за омажила за прота Мандиќ. Тој е дедо на Тесла, а таа негова баба.

Таа ја родила мајката на Тесла која се викала Ѓука. Моето семејство постојано ги одржуваше врските со таткото на Тесла, Милутин Тесла. Тој бил свештеник во селото Смиљани. Мојот татко уште како млад заминал во Америка. Не ја напуштил татковината поради сиромаштија, туку таму биле неговите чичковци. Мојот татко често пати се среќавал со Тесла и за тоа често пати ни’ раскажуваше.

Продолжува…

Извадоци од книгата на Жарко Јокановиќ, „Јованка Броз мој живот, моја вистина“- од раѓање до болнички денови, во издание на српскиот весник „Блиц“.