Балкан

(ФЕЉТОН) Јованка Броз: Мој живот, моја вистина (7)

(ФЕЉТОН) Јованка Броз: Мој живот, моја вистина (7)

Потроните кои што го окржуваа Тито ја прикажуваа ситуацијата во земјата онака како што ним им одговараше за да можат и понатаму да останат во своите фотелји.

Но, јас не бев таква. Доколку забележав дека нешто не чини, јас морав да го кажам она што го мислам. Да ја кажам вистината. Тоа е чесно.

А, на нив тоа многу им пречеше, бидејќи јас бев многу информирана. Цела маса луѓе мене ми се обраќаше, повеќе од Тито се движев меѓу луѓето и ги гледав работите онакви какви што беа. Дури видов и многу повеќе за разлика од оние кои беа на сцената.

Тоа и’ пречеше на нашата безбедност, па знаеја да прашаат: од каде таа ги знае сите овие работи? Многумина сметаа дека имам организирано една голема шпионска служба.

Најмалку што можев да поднесам беа лагите. Јас многу пати доаѓав во судир со раководителите кои што беа околу Тито. Тој во суштина се сложуваше со она што ќе го кажев јас. Тито ја ценеше мојата искреност и отвореност. Бев подеднакво искрена и кон него и кон проблемите кои што се случуваа во земјата.

Мене ме ставија надвор од законот и никој за ништо не ме сметаше. Се’ што направив за овие години никој не ми призна. Не пример- Неврзаните. Тоа беше моја идеја. Таа идеја се случи кога бевме во Индонезија. Беа формрирани два блока, источен и западен. Дојде до таква ситуација што секој час се очекуваше да се случи војна… Во еден момент се приближив до Тито и му реков: Зошто толку се жалите на тие два блока? Зошто не направите нешто сами. Ајде и ние нешто да формираме, нешто трето, што ќе биде тампон меѓу двете сили. Зошто да не направиме нешто такво кога веќе се наоѓаме во една таква ситуација?

Потоа се’ беше направено во таа насока и беше формирана Унијата на неврзаните.

Продолжува…

Извадоци од книгата на Жарко Јокановиќ, „Јованка Броз мој живот, моја вистина“- од раѓање до болнички денови, во издание на српскиот весник „Блиц“.