Балкан

(ФЕЉТОН) Јованка Броз: Мој живот, моја вистина (8)

(ФЕЉТОН) Јованка Броз: Мој живот, моја вистина (8)

Многу работи направив на Бриони, но кој те прашува. Мислам дека тие таму ништо не признаваат. Јас бев иницијатор за многу работи, бев сведок на многу работи кои што се случија таму, но и учествував во подготовката за многу нешта.

Но, додуша, ниту овде ние овде во Србија не признаваме, па зошто да бараме тоа да го прават во Хрватска? Но, ниту комунистите не ми признаа ништо, така што по тоа прашање сите ми се исти.

А сега слушам дека во Кумровец ставиле шаховница во дворот на куќата на Тито, па дури тоа било извезено и на перницата кои што стојат на креветот.

Еден ден дојде Кардељ кај нас за да ручаме заедно. И во еден момент Кардељ ме праша дали е вистина дека јас го ставив стариот портрет на Караѓорге во Дворот. А, јас горда се вртам и одговарам „Да, вистина е. А кого би требало да го стави?“.

Тој помислил дека можев да го ставам Тито или некој друг, а не српскиот лидер Караѓорге. Бидејќи јас ја зедов таа слика од музејот и убаво ја закачив.

А, тогаш кога принцот Александар Караѓоргевиќ доаѓаше кај мене на посета, мислв да го прашам дали се’ уште тои сликата во Дворот. Инаку, принцот Александар Караѓоргевиќ беше кај мене во посета. Дојде со принцезата и со еден од неговите синови. И разговаравме за многу работи. Јас добро ги познавав како ја поминаа таа нивна емиграција и што се’ им се случи и знам дека не е виновен. Тој не беше ниту роден кога се случило сето тоа, тоа што ја предизвика таа ситуација.

Продолжува…

Извадоци од книгата на Жарко Јокановиќ, „Јованка Броз мој живот, моја вистина“- од раѓање до болнички денови, во издание на српскиот весник „Блиц“.