Фелнсбург ја елиминираше Барселона, сонот на Лазаров остана неостварен

Ракометарите на Фленсбурк направија големо изненадување во второто полуфинале на фајнл форот во Лигата на шампионите во Келн, oткако го елиминираа најголемиот фаворит за титулата, Барселона по изведување на пенали со 41:39. (во регуларниот дел беше 32:32). По двете продолженија беше 36:36 по што се изведуваа седмерци. Трагичар од линијата од седум метри во тимот на Барса беше Карабатиќ, кој беше единствениот што го промаши пеналот, додекаЛазаров не стигна на ред да упати удар.

Каталонците ја прокоцкаа предноста од шест голови во регуларниот дел од натпреварот. Предвреме почнаа да ја прославуваат победата што придонесе нак рајот да биде казнети.

Овој пораз на Барселона значи и продолжување на постот на Лазаров за освојување на титулата која му недостасува на најдобриот македонски ракометар во богатата кариера.

Фленсбург во денешното финале (18.00 ч) ќе ги одмери силите со Кил, кој во првото полуфинале го совлада Веспрем со 29:26. Во мечот за третото место (15.00) ќе играат Веспрем и Барселона