Фелпс се враќа во базенот на 24 април

Најуспешниот пливач во историјата на Летните олимписки игри, Американецот Мајкл Фелпс, официјално, се враќа во базенот и повторно ќе се натпреварува, откако претходно се повлече од активното пливање.
Првиот свој настап ќе го има на митингот во Меса, што ќе се одржи од 24 до 26 април.

„Тој е физички подготвен за враќање на патеките. Останува да видиме какви резултати ќе постигне, иако ова е само една мерна станица. Главната цел е настапот на ЛОИ во Рио де Жанеиро, изјави неговиот тренер Боб Бауман.

Мајкл Фелпс во август треба да учествува и на Државното првенство на САД, каде најдобро ќе се види дали може повторно да се врати во некогашната врвна натпреварувачка форма.