Фелпс заработи условна казна од една година

Најтрофејниот олимпиец на сите времиња Мајкл Фелпс е осуден на условна казна од една година поради управување автомобил во алкохолизирана состојба, пренесуваат странските медиуми.

На американскиот пливач освојувач на 18 златни олимписки медали судот му одреди и 18- месечен надзор што значи дека Фелпс во текот на тој период ќе мора да се воздржува од пиење алкохол.

Тој во септември беше запрен од балтиморската полиција поради брзо возење, а во текот на проверките било утвредно дека пливачот има скоро двојно повеќе алкохол во организмот од дозволениот лимит.

Олимпискиот шампион на медиумите им откри дека извесен период престојувал во центарот за одвикнување од овој порок во Аризона.

„Во текот на 45 дневната програма дознав многу нешта за себе, кои дотогаш не ги знаев. Тежејќи кон тоа во иднина да ми биде подобро отколку во минатото“, рече Фелпс.

Трофејниот американски пливач се повлече во 2012-та година по Олимписките игри во Лондон, но повторно се активираше на поечтокот на годинава.

Поради апсењето изречена му е шестмесечна забрана за натпреварувања, како и да е, тој сепак продолжи да тренира.