Фенербахче го однесе Партизан во ТОП 16

Македонскиот кошаркар Лестер Бо Мекејлеб, беше најзаслужен за победа на Фенербахче на гостувањето против Нантер со 95:76, по која турскиот тим го освои првото место во Групата А од Евролигата.
Мекејлеб одигра беспрекорен натпревар со 100 отсто на шут од игра (3-3 за два, 2-2 за три, 2-2 за еден поен) и 14 поени, а имаше и еден скока и две украдени топки.

Фенербахче се пласирасше во Топ 16 фазата заедно со ЦСКА Москва, Барселона и Партизан, кој го обезбеди последното четврто место токму по триумфот на Фенербахцхе против неговиот директен конкурент Нантер.
Претходно „црно-белите“ загубија од ЦСКА Москва со 73:62. Барселона очекувано лесно славеше против Будивелник со 96:77.

Од Групата Б, кошаркарите на Жалгирис и Анадолу Ефес им се придружија на Реал и Емпорио Армани во Топ 16 фазата.
Во ТОП 16 фазата од Ц- група место обезбедија Олимпијакос, Галатасарај, Уникаха , Баерн Минхен, додека од Д – група се пласираа Макаби, Локомотив Кубан, Лаборал и Панатенаикос.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.