Фенербахче и го нанесе првиот пораз на Барселона во Евролигата, Макаби и се реваншираше на Цедевита

Тимот на Барселона го доживеа првиот пораз во групната фаза од Евролигата, откако синоќа на домашен терен по продолжението загуби од Фенербахче со 89:91.

Сепак мора да се напомене дека овој натпревар немаше никакво резултатско значење, па затоа на неколку стандардни првотимци кај “каталонците” им беше дозволено да одморат на овој дуел.

Макаби Тел Авив пак успеа да се реваншира за поразот кој го доживеа од Цедевита на домашен терен и славеше во Хрватска со 71:82. Актуелниот европски шампион во моментов е втор во групата со шест победи и три порази, зад неприкосновената ЦСКА Москва која и по девет кола во Евролигата сеуште незнае за пораз.

Победа постигна и Баерн во чии редови настапи и македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб, кој постигна 6 поени.

Резултати од 9-то коло:

А група: Уникс Казан – Жалгирис, Анадолу Ефес – Нижни Новгород и Динамо Сасари – Реал Мадрид играат вечерва.

Табела: Реал Мадрид 6-2 (победи-порази), Анадолу Ефес 6-2, Уникс Казан 4-4, Жалгирис 4-4, Нижни Новгород 3-5, Динамо Сасари 1-7.

Б група: Цедевита – Макаби 71:82, Уникаха – ЦСКА Москва 75:76, Лимож – АЛБА играат вечерва.

Табела: ЦСКА Москва 9-0, Макаби 6-3, Уникаха 4-5, АЛБА 3-5, Лимож 2-6, Цедевита 2-7.

Ц група: Баерн – Туров 95:89, Емпорио Армани – Панатинаикос 66:64, Барселона – Фенербахче 89:91.

Табела: Барселона 8-1, Фенербахче 7-2, Панатинаикос 5-4, Емпорио Армани 4-5, Баерн 2-7, Туров 1-8.

Д група: Нептунас – Галатасарај 82:72, Лаборал – Валенсија и Олимпијакос – Црвена Звезда играат вечерва.

Табела: Олимпијакос 7-1, Црвена Звезда 5-3, Лаборал 4-4, Нептунас 4-5, Галатасарај 3-6, Валенсија 2-6.