Фенг шуи за полесно забременување

Со мали промени во домот двојките можат многу да го подобрат протокот на енергија, што може да доведе до остварување на посакуваната желба за потомство.

  1. Прво треба да се среди нередот

Секој дом би требало да биде уреден уште пред да почнете заедно да го користите просторот затоа што неговата енергија треба да се усогласи со новите членови на семејството. Ако тоа веќе не е направено, тогаш никогаш не е доцна за здрави промени и за работа со нешто од што сите ќе имате корист.

Постојат основни правила што многумина несакаат да ги спроведат, а тоа се: средување на нередот, фрлање на непотребните нешта, тргање на чевлите од влезниот дел на ходникот, уредување на спалната соба. Секогаш треба да тргнете од овие основни правила затоа што тие се клучни за енергетската блокада во еден организам.

  1. Слика од непознато бебе

Може да се постават во просторот, но дури откако ќе го уредите просторот според Фенг шуи. Залудно е да ставате свежо цвеќе во нечиста вода. Ако сте го уредиле вашиот дом по принципите на енергетското прочистување и Фенг шуи системот, тогаш можете во спалната соба да ставите слика од бебе, и тоа треба да биде непознато бебе, во никој случај несмее да биде некое бебе што веќе го знаете.

3.Акупунктура на просторот

Домот е жив организам и на одреден начин функционира како телото на оние што живеат во него и кои го користат просторот. Традиционалната кинеска медицина тргнува од тоа дека болеста настанува поради пореметувањето на природниот енергетски тек во телото. Акупунктурата го отстранува енергетскиот застој во одреден дел од телото и може да придонесе за полесно зачнување.

Посебно треба да се внимава на три подрачја во домот: на оние што ја претставуваат мајката, таткото и зачнувањето. Секоја постапка во Фенг шуи системот и секое помошно средство делуваат како акупунктурна игла која го закрепнува и го активира организмот.

  1. Ново преуредување пред породувањето

Кога жената ќе остане бремена, просторот се преуредува дури пред породувањето. Просторот треба да биде подготвен за новиот член на семејството, што практично значи дека треба да се најде местто и позиција за креветчето со помош на компас (пресметките се прават врз основа на полот на бебето). Задолжително е да се направи и енергетско прочистување пред бебето да пристигне во домот.