вторник, 10 јануари 2017  |  Вести денес: 13

Фенг шуи совети: Еве што треба да направите за среќа во наредната година

На почетокот на Новата година би требало да се решите од непотребните предмети, а за во вашиот дом да владее позитивна енергија просторот мора да биде уреден и чист.

feng

Поврзани вести

На почетокот на Новата година би требало да се решите од непотребните предмети, а за во вашиот дом да владее позитивна енергија просторот мора да биде уреден и чист.

Првиот чекор во чистењето на сомот е исфрлање на непотребните предмети и средување на нередот, додека следниот чекор се однесува на „енергетското чистење“ со што се отстрануваат насобраните енергетски остатоци што се последица на негативните емоции.

Доколку се чувствувате исцрпено или тешко ги наоѓате предметите во домот, време е да го исчистите просторот каде што живеете. Очигледната последица на нередот, вишокот предмети и прашината се лоши по здравјето, го намалуваат нивото на енергијата и квалитетот на животот. Сите можеме сами да го контролираме нашето здравје преку среќата и насмевката на лицето, љубовта и давањето. Живееме во чудни времиња, но тоа е вашето креирање на стварноста, вели Мима Миковиќ, меѓунардно лиценциран консултант за Фенг шуи за српски Курир.

cistenje-1

Таа истакнува дека поради нередот и прашината добрата енергија, како и најдобрите намери и среќата си заминуваат. Затоа Фенг шуи е најдобар водич за да ја отстраните прашината и во вашиот дом да внесете подобра енергија. За почеток пуштете позитивна музика за опуштање. Таа со својот ритам и со силните пораки ќе направи негативната енергија да си замине и да исчезне.

Следниот чекор е ослободување на домот од страи и непотребни предмети. Се верува дека некои предмнети од минатото на себе може да ги имаат емоциите што сте ги чувствувале кога сте ги користеле претходно, како што се тагата, бесот, грижата… Доколку сакате да се решите од негативната енергија, ослободете го вашиот дом од таквите предмети.

Миковиќ советува пред почетокот на новата година да ги отстраните сите остри предмети како што се ножеви, ножици и други сечила. Според древните Кинези тие може да предизвикаат сечење и заминување на среќата. Следен обичај е да се исплатат сите заостанати сметки. Ако не сте во можност да го исплатите долгот во целост, уплатете симболичен дел на секоја сметка, како знак на позитивна акција.

Истото важи и за враќањето на приватните долгови. Таа советува да водите сметка „среќата да не ве заобиколи“ ако долговите ги префрлате и за следната година.

Најчитани вести