„Фени индустри” доби нов сопственик

„Фени индустри” доби нов сопственик – бугарската компанија „Енекод”, нема да оди во стечај и сите работници ќе останат со статусот што го имаа, информира денеска претседателот на Синдикатот за индустрија, рударство и енергетика Пеце Ристевски.

Според него, новиот сопственик на фабриката најавил нови вложувања.

– Проблемот е решен на задоволство на сите страни вклучени во преговорите. Од денеска кавадаречката компанија доби нов сопственик, тоа е бугарската „Енекод” која има 35 фирми со различни бизниси во Бугарија. „Енекод” ги презема сите обврски кон доверителите. Сите работници остануваат на работа без никакви промени во нивниот работен статус – нагласи Ристевски.

На денешната средба во кавадаречката компанија биле присутни и Анѓушев и претставник на новиот сопственик, кој појаснил дека нема да има никакви проблеми и дека многу брзо ќе се продолжи со нормална работа.

МИА