Фени отиде во стечај

По барање на трите банки – Стопанска, комерцијална и Силк Роуд, Велешкиот суд во средата донесе одлука дека кавадаречкито металуршки комбинат „Фени“ има долгови кои во моментов не може да ги исплати, а има движен и недвижен имот со кој според судот има можност да се обештетат доверителите.

Инаку судот не ја прифати понудата на бугарската фирма Енекод од 65 милиони евра од кои 29 кон банките. Претходно компанијата на рочиштето побара изземанње на судијката, бидејќи сметале дека е пристрасна затоа што ниту еден нивни предлог досега не усвоила.

Бугарски „Енекод “ утрово писмено ги известил дека не е во можност да исплати плати на вработените во „Фени“. Банкарите, пак, доцна синоќа ѝ дадоа рок на бугарската компанија заинтересирана за фабриката да исплати плати пред почетокот на рочиштето за стечај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.