Феникс по секоја цена сака да го задржи Бледсо – му понудија најбогат договор

Талентираниот Ерик Бледсо, ќе може да настапува за својот клуб Феникс „Санс“ и оваа натпреварувачка кампања.

Преостанатите тимови го канеа во своите редови, како и да е, медиумите тврдат дека челниците на составот од Аризона му понудиле богат договор.

Менаџерот на „Санс“, Рајан Мекдонау, истакна дека Бледсо заслужува да биде ценет поради одличниот талент и квалитетот со кој што може да се пофали.

Феникс на својот член му нуди 50 милиони долари, што е подобро од договорите со кои што Бледсо беше на мета на преостанатите клубови.

Пред се, најзаинтересиран за овој млад ас беше составот на Минесота „Тимбервулфс“.

Бледсо, кој настапувал во Градот на Ангелите, во Феникс може да се пофали со просечен сезонски ефект од 18 поени и 6 додавања на дуел, поради што тимот е задоволен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.