Спорт

Преглед НБА лига Феникс поразен во Минеаполис, Бруклин ја прекина серијата порази

Феникс поразен во Минеаполис, Бруклин ја прекина серијата порази

Изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни три натпревара во кои Феникс Санс беа поразини од Минесота Тимбервулфс, Мајами Хитс ги совладаа Чикаго Булс, а Бруклин Нетс со победата над Мемфис Гризлис ја прекинаа серијата од три пораза.

Феникс Санс со 108:119 беа поразени од Минесота Тимбервулфс, кои до победата ги предводеше Карл-Ентони Тоунс со 31 кошови и 12 скокови, Џими Батлер постигна 25 поени, а Ендрју Вигинс 21. Кај Санс, кои игра без својот најдобар играч Девин Букер, најефикасен беше Мајк Џејмс кој натпреварот го заврши до 26 кошови. Ти Џеј Ворен додаде 18 поени.

Минесота рано создаде предност и во втората четвртина имаше водство од 14 поени по што Санс благодарејќи на осумте кошови на Џејмс се приближија на само четири поени разлика. Третата четвртина започна со серијата 22:11 за што играчите од Феникс немаа одговор до крајот на дуелот.

Во вториот синоќешен натпревар Мајами Хитс со 100:93 го совадаа Чикаго Булс. Словенецот Горан Драгич за победата на Хитс постигна 24 кошови, Вејн Илингтон додаде 19, Џејмс Џонсон 15 со 7 скокови и 6 аситенции, а Хасан Вајтсајд 11 кошови и 10 скокови. Џериен Грант го предводеше Чикаго со 24 погодоци.

Бруклин Нетс со 98:88 против Мемфис Гризлис ја прекинаа низата од три пораза. До победата ги водеше Демар Карол кој постигна 24 кошови, а Тревор Букер додаде 16 поени со 11 скокови. Кај Мемфис најдобри беа Марк Гасол и Тирек Ивенс со по 18 поени.

Откако на полувремето се замина без предност (47:47), Нетс го отворија второто полувреме со серија од 22:6 и во тој дел од мечот водеа со 16 поени разлика. Во третата четвртина Нетс погодија пет „тројки“ со што ја завршија оваа делница со резултат 32:18 и во последната четвртина влегоа со предност од 79:65.