Феномен: Живеела без мал мозок 24 години

Неверојатен феномен е откриен кај една 24- годишна Кинеска. Откако се јавила во болница поради вртоглавица, лекарите ја испратиле да направи снимка на главата. Заклучок- и недостига малиот мозок!

Досега во светот се забележани само 9 вакви случаи, бидејќи малиот мозок (cerebellum) е исклучително важен дел од мозокот кој ги регулира моторните и некои когнитивни функции.

Меѓутоа, фактот дека најнормално живеела без овој дел од мозокот, најдобро ви покажува колку човечкиот мозок е прилагодлив.

Малку доцнела со говорот, на 6 години прозборела, а проодела на седум. Според некои истражувања луѓето во ваква состојба умираат многу млади.

Сепак, лекарите не сакаат да брзаат со прогнозите, но сите се согласуваат дека е чудо што нормално се развивала.