Фердинанд типува на Германија

Поранешниот репрезентативец на Англија и поранешен капитен на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд е убеден дека денешниот полуфинален дуел, помеѓу селекциите на Германија и Бразил ќе заврши со триумф на популарните “панцири”.

„Бразилците се истакнаа со најдобриот дуел против Колумбијците, додека Германија е фаворит во меѓусебниот натпревар. Благодарение на претставите досега, би можеле да го освојат насловот. Германија е одлична по водство. Смиреноста е важна на овие натпреварувања, а за тоа е потребно искуство. Триумфот ќе биде пред се благодарение на фудбалери како Милер, Озил и како Геце. Тие можат да го сторат тоа”, изјави централниот дефанзивец кој најверојатно во новата клупска сезона ќе го носи дресот на новиот премиерлигаш Квинс Парк Ренџерс.