Ференчина веќе не е тренер на Шкендија

На официјалната интернет страна на клубот од Тетово, денеска е објавена информацијата дека Шкендија ја прекинува сорабтката со досегашниот тренер Рој Ференчина. По стартот на новата сезона, од која во клубот не се задоволни, донесена е одлука хрватскиот предводник да си замине, а дополнителен мотив кој ја прелил чашата е вчерашниот пораз од Работнички.

Во официјалното соопштение се наведува дека Шкендија има големи амбиции за оваа сезона, на кои не и одговараат стартните резултати. Раководството покажало трпение со надеж дека ситуацијата ќе оди напред, но по вчерашниот неуспех на Филип Втори, бил свикан итен состанок на кој било одлучено Ференчина да замине.

Во меѓувреме, додека не биде назначен нов тренер, неговата функција ќе ја извршува досегашниот помошен тренер Јетон Беќири.

Жикица Тасевски се споменува како можен наследник на тренерската позиција во Шкендија.