Ферер го совлада Фоњини и за прв пат освои титула во Рио

Шпанскиот тенисер Давид Ферер славеше на турнирот во Рио де Жанеиро, па иако е февруари, тој успеа да го освои и вториот трофеј сезонава.

Ферер во финалето лесно излезе на крај со Фабио Фоњини, кој ден претходно успеа да го елиминира првиот носител на турнирот, Рафаел Надал. Тој го совлада Италијанецот со 2:0 (6:2, 6:3), што му донесе нови 500 АТП поени и 343,000 долари.

Ова беше вкупно 23 победа и прва титула за Ферер на турнирот во Рио.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.