Ферер славеше на турнирот во Куала Лумпур

Давид Ферер го освои турнирот во Куала Лумпур - во финалето славеше против Фелисијано Лопез

Ферер во вчерашното финале беше подобар од сонародникот Фелисијано Лопез со 7:5 и 7:5 по сетови.

Во своето 50-то финале, Ферер ја освои својата 25-та титула во кариерата. Искусниот тенисер сезонава освои вкупно освои четири турнири, а освен Кула Лумпур претходно славеше во Доха, Акапулко и Рио.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.