Фергусон открива како Манчестер Јунајтед остана без Погба

Пол Погба чие име со месеци се спомнува во контекст на преминувањето од Јувентус во Манчестер Јунајтед, веќе еднаш беше дел од клубот на Олд Трафорд. Таму пристигна во 2009-тата на возраст од 16 години.

Според обожавателите на Црвените Ѓаволи токму бесплатниот тран сфер на Погба во Јувентус  во 2012-тата година е една од најголемите грешки што ги направил легендарниот Се р Алекс Фергусон.

23-годишниот Французин денес вреди 100 пати повеќе, а Јунајтед е подготвен за него да плати дури 120 милиони евра, со астрономска плата што би го довела на врвот на листата н а најплатените светски спортисти.

Сер Алекс Фергусон кој сеуште е активен во клуб от, конечно даде зелено светло за враѓање на францускиот играч за врска, а раскажа и зошто најбараниот фудбалер во светот во 2012-тата го напуштил клубот. Како најголем проблем се посочува менаџерот на фудбалерот Миноа Риолу за кого Фергусон вели:

Ние двајца сме како масло и вода. Погба тогаш требаше да потпише нов договор со Јунајтед, меѓутоа Раиола претходно договори се со со Јувентус. Бев разочаран затоа што не покажаа почит кон клубот.