Ферибот со 173 патници потона крај Филипините

Капетанот на потонатиот ферибот се соочува со смртна казна

Уште една бродска несреќа денеска ја потресе светската јавност. Ферибот со 173 патници потона крај Филипините. Според властите досега се пронајдени тела на 33 жртви.

Фериботот превезувал на линија меѓу градот Ормок и островот Камотес. Спасувачки тимови успеале да им помогнат на десетици патници.

Фериботот бил на 200 метри од пристаништето во Ормок кога потонал при лошо време, јави ДПА. Крајната дестинација – островот Камотес била на еден час пат од Ормок. Ормок се наоѓа на 560 км. југоисточно од Манила.