Фернандез: Владата на Македонија нуди најатрактивни даночни услови во Европа

Фернандез: Владата на Македонија нуди најатрактивни даночни услови во Европа
Фернандез: Владата на Македонија нуди најатрактивни даночни услови во Европа

Претседателот на Стопанската комора на Мадрид, Артуро Фернандез  вели дека Македонија е рај за инвестиции поради владините реформи кои ја направија земјава најатрактивна за инвестирање.

-Владата на Македонија нуди најатрактивни даночни услови во Европа со важна помош и поттик за инвестирање. Така ја претвора Македонија во новиот рај за инвестиции во Европа. Овој рај за инвестиции се истакнува со стабилен раст во последниве години. Исто така, со ниска стапка на инфлација,урамнотежена фискална политика и фиксен курс во однос на еврото. Од друга страна, со својата стратешка местоположба во срцето на Југоисточна Европа, Македонија нуди слободен пристап до официјалните тарифи на еден пазар со над 650 милиони потрошувачи преку договорите за слободна трговија кои што се во сила, а се истакнуваат оние потпишани со Европската Унија, Турција и Украина, истакна Фернандез.

Фернандез дефинира дека Македонија е најатрактивно место за водење на инвестиции во Европа.