Фернандињо: Никој нема да го заборави овој голем срам

Одличниот играч за врска, Фернандињо е убеден дека ниту еден репрезентативец на Бразил, ниту еден фан на Бразил никогаш нема да го заборави срамниот пораз во полуфиналниот дуел против селекцијата на Германија.

„Мислам дека сите ја делат мојата констатација дека ова е невозможен резултат. Овој натпревар никогаш нема да биде заборавен од ниту еден репрезентативец на Бразил, од ниту еден фан на Бразил. Можам да потврдам дека атмосферата во нашата соблекувална е траорна. Ова е тежок пораз, не е добро да се загуби со толкава разлика. Тука заврши нашиот голем сон, истиот нема да го реализираме. Болна елиминација”, изјави фудбалерот на Манчестер Сити.