Фернандо Торес му донесе победа на Атлетико

Ветеранот Фернандо Торес му донесе минимална победа на Атлетико Мадрид во дуелот против Алавез.

На средбата од 16. коло одиграна синоќа на „Метрополитено“ во Мадрид, Атлетико до победата над Алавез стигна благодарение на Торес кој само пет минути откако беше уфрлен во игра, во 74-тата го постигна единствениот гол на мечот.

За 33-годишниот Торес кој сезонава многу малку добива шанса од тренерот Диего Симеоне, ова беше прв гол во Ла Лига годинава.

Со овој триумф, но и благодарение на поразот на Валенсија на гостувањето кај Еибар со 2-1 екипата на Атлетико Мадрид се проби на второто место на табелата со 36 бодови, два повеќе од Валенсија.

Лидер е Барселона со 39 бодови, но каталонскиот клуб денеска ќе го одигра својот меч од оваа рунда и тоа домашен терен против Депортиво Ла Коруња.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.